[Date Prev][Date Next] [Thread Prev][Thread Next] [Date Index] [Thread Index]

TopShop Nagraduva:Dobitnici na nagradite



Top Shop
Наградна игра
За подршка ве молиме јавете се на бесплатниот тел 0800 1 4444 или контактирајте не online
ДОМА l ФИТНЕС l УБАВИНА l ЗДРАВЈЕ l ДОМАЌИНСТВО & КУЈНА l ЗАБАВА

Почитувани,

„ТОП ШОП наградува„ , наградната игра која вклучи многу генерации дојде до нејзиниот крај. На сите многу ви благодариме за масовното учество, но сепак, како што најавивме, ред е да ги објавиме тројцата добитници:

medalji


1. Зоран Јорданоски, Прилеп (5420 поени) – 20.000 денари
2. Виктор Поповски, Скопје (1690 поени) – Дигитална камера
3. Оливер Ѓориќ, Скопје (1205 поени) – USB стик од 4Gb

Срдечно им честитаме на наградите и се надеваме дека и натаму ќе се дружиме со нив, во сите наши следни наградни игри.

На сите останати учесници ќе им подариме БЕСПЛАТЕН ЕЛЕКТРОНСКИ МАГАЗИН, со интересни и корисни теми за фитнес, здрава храна, современо живеење...

Што може да прочитате?

ЗДРАВЈЕ И ЗДРАВА ИСХРАНА

Здравјето се чува кога го имате - едукативни статии кои ќе ве советуваат како да го подобрите вашето здравје, дали медицинската помош е секогаш неопходна, како да си помогнете во моменти кога не ви е достапна стручна помош и што е најважно, како да го зачувате доброто здравје.

Тања Турунџиева Ново! Совети за здрава исхрана од г-ѓата Тања Турунџиева, специјалист нутриционист од „ВИТА ДИЕТ„ клубот

Прочитајте ги советите на Тања Турунџиевашто е всушност здрава храна и како да ја одберете вистинската диета за вас. Нејзиниот оптимизам ќе ве увери дека и за вашиот проблем постои едноставно решение.

>> Читaјте повеќе на оваа тема
>> Топ производи за здрав живот

УБАВИНА И ФИТНЕС

Убавината е во очите и душата на човекот, но не го земајте тоа здраво за готово. Нема ништо поубаво од уредна и дотерана личност, со негувана коса, кожа и тело. Прочитајте многу корисни совети за одржување на убавиот изглед и уверете се дека има безброј начини како да се разубавите, а тоа да не ве чини многу.

Маја Филиповска

Ново! Како најлесно до ТОП форма и изглед?„ ќе ни советува г-ѓата Маја Филиповска, 5-кратен државен првак на Македонија во стандардни танци, инструктор по танци и аеробик инструктор.

Летото ни претстои –затоа Маја ќе ја подели со нас тајната наречена БИКИНИ ДИЕТА и ќе ни ги покаже соодветните вежби за ТОП изглед во костим за капење. Фитнесот и рекреацијата не се секогаш обврски кои мора да ги извршиме – тие се, пред сè задоволство, зашто со нив, го одржуваме нашето здравје и ја потенцираме физичката убавина


>> Читaјте повеќе на оваа тема
>> Топ производи за убав изглед

СПОРТ

Рекреирањето и физичката активност не се веќе само мода. И постарите и новите генерации наголемо се едуцираат за корисноста од физичката активност за општото здравје: заради превенција од ревматски заболувања, за заштита од остеопороза, за одржување на кардиоваскуларниот систем, за подобро расположение и повеќе енергија. Корисни теми за сите што сакаат да спортуваат, професионално или рекреативно.

Александар Туфекчиев

Ново! Правилно држење на телото, соодветен избор на физички вежби, кој спорт да го одберете и зошто – ќе прочитате стручно мислење и совети од проф. Д-р Александар Туфекчиев, професор по биомеханика на Факултетот за физичка култура и претседател на Федерацијата за училишен спорт на Македонија. Тој ќе ни каже што значи спортот за нашето тело и кои се придобивките од спортувањето, посебно за младата популација.


>> Читaјте повеќе на оваа тема
>> Топ производи за топ форма

ДОМАЌИНСТВО И КУЈНА

Секојдневните обврски во домот честопати знаат да бидат и здодевни, но помислете како ќе изгледа вашиот дом ако само малку му се посветите. Најважно од сè е што добро средениот стан или куќа најпрво, пријатно ќе се одрази на вашето расположение...а и пријателите често ќе ве посетуваат, сакајќи да уживаат во вашиот дом.

Храна и Вино

Ново! Деликатесни рецепти и совети за побогато мени, во соработка со списанието „Храна и вино„

Ќе се согласите дека најголемата дилема на домаќинките е: Што да зготвам утре? Секој што ужива во добриот залак ќе може да прочита интересни идеи за комплетни менија од предјадење, главно јадење и десерт, збогатени со најубавите македонски вина.

>> Читaјте повеќе на оваа тема
>> Топ производи за вашиот дом

ЗАБАВА

Опуштете се и забавувајте се. Прочитајте интересни интервјуа, статии за теми што многу ве интересираат, а толку малку пишува за нив, од областа на психологијата, воспитувањето деца, за необични професии и безброј други занимливости и за помладите и за повозрасните, за родители и деца.

Синтезис

Ексклузивно! Во првиот број на LifeStyle Магазинот интервју со членовите на нашиот најреномиран етно-бенд Синтезис, Мирјана Јошеска и Марјан Јовановски. Ќе зборуваат за нештата што го сочинуваат нивниот стил на живеење, но и за 8те концерти во поддршка на традицијата, со изведби на најзначајните археолошки локалитети на Македонија.


>> Читaјте повеќе на оваа тема
>> Топ производи за забава



Секој месец, супер-практични совети во нашето бесплатно електронско списание, со теми кои ќе ви го променат животот на подобро.

Очекувајте го првиот број на Top LifeStyle Магазинот на 15.06.2007

Поздрав,
Тимот на ТОП ШОП

Студио Модерна ДООЕЛ; Иво Рибар Лола 72 Скопје Македонија;
тел: +389 (0)2 3094500; факс: +389 (0)2 3094543;

Доколку не сакате да примате други е-маил пораки од нас, освен оние кои ќе ги побарате лично, ве молиме кликнете тука.


Reply to: